Поврзете се со нас

Македонија

Вардар рутински до десеттата победа во Суперлигата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа десеттата сезонска победа во Суперлигата и тоа против Прелеп кого го совладаа со 36:26.

„Црвено-црните“ беа изразити фаворит на овој меч и тоа го потврдија на теренот каде доминираа, покажаа далеку повеќе од противникот и заслужено дојдоа до целта, поточно сега се на три чекори до трите посакувани бода во фазата за разигрување во титулата.

Караплевски и Лазаревски дадоа по осум гола, кај поразените Шабановиќ постигна седум гола.

Тиквеш пак во групата А беше подобар од Куманово со 37:21.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни