Вардар со респектабилен состав ќе се соочи против Мотор Запорожје (ФОТО)

vardar pozdrav

Вардар денеска во „Јане Сандански“ го игра клучниот натпревар против Мотор Запорожје по кој би можел да обезбеди сигурен пласман во елиминационата фаза во Лигата на шампионите.

Вардарци погодени од заминувањата на Даинис Криштопанс и Павел Атман ќе се соочат со украинскиот претставник против кого мора да победат за да се пласираат во следната фаза од најелитното ракометно натпреварување.

Во составот го нема голманот Артурс Кугис кој е повреден, а недостига и германскиот интернационалец Кристијан Дисингер.

И тимот на Мотор Запорожје се соочува со проблеми со играчкиот кадар затоа што неколку стандардни играчи се одлучија да си заминат од клубот и да се преселат во Спартак Москва.

vardar

Facebook Коментари