Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар ремизираше со Веспрем и достојно се прости од Лигата на шампионите

Објавено

на

Ракометарите на Вардар не успеаја да ја анулираат големата негатива против Веспрем од првиот натпревар од Скопје и го завршија учеството во Лигата на шампионите по денешната ревнаш средба во Унгарија.

Избраниците на Давид Дејвис на достоен начин се простија од натпреварувањето во најелитното европско ракометно натпреварување ремизирајќи со тимот на Веспрем (31:31).

„Црвено- црните“ имаа негатива во првиот дел од натпреварот и од шест голови, но на крајот успеаја да стигнат до херојско реми.

Најефикасни кај Вардар беа Куни Моралес со шест и Кевин Њокас со пет погодоци, а свој ден имаа и Томовски и Гогов кои собраа 15 одбрани. Одличен меѓу стативите беше младиот Гогов кој во второто полувреме ги запре налетите на домашниот тим.

Инаку, натпреварот против Веспрем беше последен за Тимур Дибиров како играч на Вардар во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни