Вардар пушти во продажба дополнителен број на билети за дербито со Веспрем

navivaci jane sandanski vardar kijelce

Наредниов викенд или поточно на 1 декември Вардар го пречекува стариот добар ривал Веспрем во Лигата на шампионите, меч за кој има огромен интерес, па „црвено-црните“ пуштија дополнителен контингент на билети за пресметката во СЦ „Јане Сандански“.

Истите се за секторот „СТОЕЊЕ“ и можат да се купат за цена од 150 денари и тоа преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.

Вардар по 9 одиграни кола е на 6 место во групата Б, додека пак Веспрем е 2 со 12 бодови.

Facebook Коментари