Поврзете се со нас

Македонија

Вардар продолжи да победува и сега е осамен на врвот, дербито во Битола без победник

Објавено

на

Екипата на Вардар продолжи да победува во Втората македонска лига, а најнова жртва беше составот на Локомотива Пехчево која беше совладана со 2-0..

Избраниците на Грнчаров си ја завршија работата во првото полувреме во кое во листата на стрелци се запишаа Попзлатанов и Мишковски. Со овој триумф „црвено-црните“ се осамени на врвот во оваа конкуренција затоа што Воска одигра без победник против Пелистер во Битола.

Домаќините долго време водеа со 1-0 со погодокот на Драгарски, водство кое го имаа се до судиското продолжение кога Емини ги постави конечните 1-1.

РЕЗУЛТАТИ:

ПЕЛИСТЕР – ВОСКА 1-1

ВАРДАР – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 2-0

СЛОГА ВИНИЦА – ГОСТИВАР 0-1

БЕЛАСИЦА – БЕСА 1-0

ТЕТЕКС – КАМЕНИЦА САСА  0-2

АРСИМИ – БОРЕЦ 9-0

12. ОКТОМВРИ

КОЖУФ – КАРАОРМАН

ОХРИД – ДЕТОНИТ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни