Поврзете се со нас

Македонија

Вардар покрена иницијатива за итна смена на комесарот кој ги делегира судиите

Објавено

на

Foto:facebook.com/FKVardarSkopje

Вардар изминатиов викенд го победи Шкупи со сомнителен гол за 3:2, а додека во Чаир кренаа голема прашина за оваа судиска одлука, од најтрофејниот македонски колектив излегоа со официјално соопштеие со кое испратија барање до ФФМ.

„Црвено-црните“ бараат од ФФМ да го променат комесарот кој ги делегираа судиите во македонските фудбалски лиги, а како што се наведува во соопштението, причина за тоа се низата погрешни одлуки со кои му се нанела голема штета на тимот.

– Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората МФЛ, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Марјан Ристески.

– Воедно како клуб, ние за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите 13. кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Ние никогаш јавно не излеговме со соопштенија и реакции за разлика од други клубови кои со мизерни реакции се обидуваат да ги негираат нашите победи.

– Ние како клуб оставаме на телата и органите на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти. Поради ова бараме поддршка и од останатите клубови на оваа иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии и радикални ставови на сите клубови за воведување на ВАР технологија за следната сезона.

– Промената на раководството на судиската асоцијација, поточно барањето за разрешување на Марјан Ристески, се припишува на неколку фактори, вклучувајќи ги проблемите кои гласно ги посочуваат клубовите од МФЛ по секое натпреварувачко коло и потребата за иновации од организацијата. Промените се бараат за поголема усогласеност со промената кон поголема транспарентност и одговорност, вкучувајќи значително учество на членовите во изборот на наследник кој ќе го води со фокус на модернизирање и зајакнување на судискиот систем, – се вели во соопштението на Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни