Поврзете се со нас

Македонија

Вардар падна во Кавадарци, Алкалоид запиша уште една победа

Објавено

на

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа вториот пораз во третиот натпревар од плејофот во Суперлигата и тоа од Тиквеш во пресметката во Кавадарци.

Тиквеш е незгоден противник кој во минатото коло беше поразен минимално од Алкалоид во Автокоманда (26:25), но вечерва го зема скалпот на двократниот европски првак и тоа во средба која заврши со резултат 22-20.

„Црвено-црните“ ги немаа сите играчи на располагање и тоа беше проблем соодветно да се одговори во сите 60 минути. Ова за избраниците е втор неупех во втората фаза и станува се потешко и потешко кога е во прашање трката за титулата.

Алкалоид пак продолжи да реди победи и ја суреди Струга со 32-22. Четата на Алкалоид рутински се справи со домаќинот во дуел во кој Митев даде седум гола, а Џонов и Кофилоски имаа по пет реализации.

Во третата средба Пролет беше подобар од Бутел со 20:18.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни