Вардар падна во Ѓорче Петров и доживеа елиминација од Купот на Македонија

3

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров направија изненадување и го елиминираа Вардар во осминафиналето на Купот на Македонија.

4

Ѓорчепетровци и во реваншот му одолеа на нашиот најтрофеен фудбалски клуб, односно по ремито од 1-1 денеска пред своите гледачи славеше со 2-1 и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Тренерот Васоски на оваа средба настапи со комбиниран тим, без дел од најважните играчи, а тоа знаеше како да го искористи Македонија за која двоен стрелец беше Кировски.

За вардарци за кого ова беше прв сезонски пораз погоди младиот Ибиши.

2

1

Уште една убедлива и чиста победа оствари Шкендија над Кит Го со 5-0, а сигурна беше и победа во пресметката со Гостивар (4-1).

Резултати:

Академија Пандев – Брегалница 0-1 (6-2)

Беласица – Пелистер 3-1 (2-0)

Македонија ЃП – Вардар 2-1 (1-1)

Силекс – Скопје 2-1 (2-0)

Работнички – Тиквеш 1-0 (1-0)

Победа – Гостивар 4-1 (2-1)

Кит Го – Шкендија 0-5 (0-2)

*во заграда се резултатите од првите дуели

Facebook Коментари