Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар отвара и затвара со Мешков Брест, норвешки Елверум прв ќе го почувствува „Јане Сандански“

Објавено

на

blank

Тимот на Вардар во Виена ги дозна противниците за новата сезона во Лигата на шампионите, а тоа се екипите на ПСЖ, Кјелце, Пик Сегед, Флензбург, Порто, Мешков Брест и Елверум.

Ова се противниците против кои „црвено-црните“ ќе се обидат за се изборот за нокаут фазатата и тоа во периодот од септември до март 2021 година. Вардарци овој дел ќе го отворат и затворат со добро познат ривал, најдобрата белоруска екипа Мешков Брест на која и гостуваат на 16/17 септември, додека пак во 14 рунда на 3/4 март ќе ги пречекаат во Скопје.

Избраниците на Алушовски првиот натпревар пак во „Јане Сандански“ ќе го одиграат против Елверум на 23/24 оваа година.

Ова е распоредот на натпреварите на Вардар.

1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар
2 коло, 23/24.09.2020, Вардар – Елверум
3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед -Вардар
4 коло, 14/15.10.2020, Вардар – Фленсбург,
5 коло, 21/22.10.2020, ПСЖ – Вардар
6 коло, 28/29.10.2020, Вардар – Порто
7 коло, 18/19.11.2020, Вардар – Келце
8 коло, 25/26.10.2020, Келце – Вардар
9 коло, 02/03.12.2020, Порто – Вардар
10 коло, 09/10.12.2020, Вардар – ПСЖ
11 коло, 10/11.02.2021, Фленсбург – Вардар
12 коло, 17/18.02.2021, Вардар – ПИК Сегед
13 коло, 24/25.02.2021, Елверум- Вардар
14 коло, 03/04.03.2021, Вардар – Мешков Брест

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни