Поврзете се со нас

Македонија

Вардар освои важен бод против Струга, Работнички набрзина го нокаутираше Шкупи

Објавено

на

Струга Трим и Љум допатува како фаворит во македонската престолнина во пресметката која попладнево се играше на националната арена „Тодор Проески“, но сепак наиде на храбар отпор од страна на подмладениот Вардар кој успеа да се избори за важен бод.

Гостите од Струга имаа водство со голот на Риствески по 20 минути игра, но домашниот тим не се откажа и во вториот дел дојде до израмнување и голем бод на домашен терен. Тренерот Никола Илиевски Џиџи секако не беше задоволен од играта во претходното коло со Ренова, но сега може да биде горд на залагањето на своите фудбалери, кои по израмнувањето на Петковски во 75-та минута, беа единствените кои сакаа да постигнат втор гол.

Во тоа не успеаја, па на крајот со мирољубиви 1:1 видовме поделба на бодовите, исто како што беше случајот и во градското дерби во Тетово. За разлика од Скопје каде видовме два гола, под Шара не видовме голови и Шкендија и Ренова одиграа 0:0, но и реми исходот е поволен за лидерот на табелата со оглед на епилогот во Чаир.

Работнички ја потврди фантастичната форма во пролетниот дел од сезоната и значајниот подем во играта под водство на Влахо, па попладнево брзо го нокаутираше амбициозниот Шкупи на негов терен.

Стојкоски уште по 30-тина секунди донесе водство за гостите, а Прелчец зголеми на 0:2 во 9-та минута и тоа се покажа како последен погодок на оваа средба.

На преостанатите два меча, Беласица и Академија Пандев ремизираа 0:0, а Пелистер го победи Борец со 1:0. По 22 одиграни натпревари, Шкендија е прва со 47 бода, седум помалку има Шкупи, Македонија е трета со 38, а следат Струга и Работнички кој изби на петтото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни