Македонија
Вардар останува во Втора лига, Воска ќе игра историски бараж за влез во Првата лига

Воска Спорт како сензација на годината во Втората македонска фудбалска лига се избори за историја ова попладне, бидејќи ремизираше на гостувањето во Кратово и со тоа си обезбеди бараж дуел за пласман во Првата лига.
Со освоен бод против шампионот, тимот од Охрид немаше потреба да гледа што се случува на натпреварот на Вардар, кој иако победи на крајот, не успеа да дојде до второто место.
Ваквиот епилог прави Воска Спорт да ја заврши сезоната со само еден бод повеќе до Вардар, кој и наредната сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварување.
Воска денеска поведе на гостувањето кај Силекс откако претходно приреди „шпалир“ за шампионите, но голот на Илијоски беше активен до 78-та минута, кога домаќините израмнија на 1:1 преку Танушев. Ова се покажа како конечен резултат и Воска почна да слави во Кратово, бидејќи сега ќе игра бараж за влез во Првата лига.
Од друга страна, Вардар успеа да слави против Кораб и победи 2:1, но мора да се помири со уште една сезона во Втора лига.
-
Светпред 22 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Светпред 24 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Италијапред 24 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот