Поврзете се со нас

Балкан

Вардар останува и без капитенот: Мицевски пред трансфер во БиХ

Објавено

на

Вардар е тешка финансиска состојба и останува неизвесно дали работите ќе можат да се средат во овој период иако постојат одредени најави за тоа, па затоа дел од играчите веќе се во потрага во нови средини кои можат да понудат стабилност.

Последната вест која ни доаѓа е поврзана со капитенот Дарко Мицевски кој според босанските медиуми е пред трансфер во прволигашот од оваа земја, Борац Бања Лука. Тој во повеќе наврати беше поврзуван со овој клуб, но како што сега стојат работите е најблиску до истиот и во наредниот период може да се очекува потврда.

Мицевски е еден од најдобрите играчи на Вардар, од неодамна е и македонски репрезентативец и неговото заминување би бил уште еден голем удар за „црвено-црните“ по заминувањето на тренерот Александар Васоски кој официјално се пресели во Академија Пандев.

Дарко во досегашната кариера освен во Македонија има настапувано и во Србија, Белорусија и Либан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни