Поврзете се со нас

Македонија

Вардар остана без најдобриот играч: Јапонскиот виртуоз се сели во Кувајт (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Вардар имаше добра завршницата на сезоната во домашното првенство, а убедливо најразигран играч во таборот на „црвено-црните“ беше јапонскиот интернационалецн, Косуке Јасухира.

Без никаков сомнеж, Јапонецот се издвои како најдобар играч на Вардар изминатава сезона, па затоа доста внимание привлекува веста која вели дека тој сепак нема да остане во Скопје.

Иако клубот имаше опција да го откупи по завршената позајмица од Висла Плоцк, на крајот Јасухира одлучил да се пресели во Кувајт и да потпише за тамошниот клуб Бурган.

23-годишниот среден бек воодушеви со своите настапи и експлозивноста која посебно доаѓаше до израз, и затоа оваа вест предизвика и одредено разочарување меѓу фановите на Вардар.

– Кувајтскиот клуб Бурган потпиша договор со јапонскиот интернационален плејмејкер, Косуке Јасухира (23 години), кој доаѓа од македонскиот Вардар.

– Вреди да се одбележи дека Јасухира неодамна го претставуваше кувајтскиот клуб Ал-Кадисија на азискиот шампионат, каде имаше истакнат учинок и придонесе за освојување на третото место, – се вели во веста која ја пренесе „Handball Arabic“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни