Македонија
Вардар одреди симболични цени на билетите за натпреварот со Црвена Звезда (Фото)

Вардар успеа резултатски да се консолидира на стартот на вториот дел од сезоната, а тоа автоматски носи далеку попозитивна атмосфера во целиот клуб.
Во период кога малку кој зборуваше за фудбал и било каква спортска активност поради големата трагедија во Кочани, Вардар како клуб се заложи да донесе мала доза насмевка и радост меѓу фановите кои сакаат да помогнат во обидот да се соберат парични средства, па во текот на минатата седмица беше закажан пријателски меч против Црвена Звезда.
Натпреварот ќе се одигра на националната арена „Тодор Проески“ на 16-ти април, а Вардар преку својот директор Миленко Неделковси соопшти дека цените на билетите ќе бидат симболични.
– Билетите ќе се продаваат исклучиво преку платформа (исто како што ФФМ сега продава за Велс). Југ и Север 200 денари, Запад и Исток 100.
– Бесплатно за децата од основните школи од Кочани што организирано би дошле. Сите други плаќаат, почнувајќи од мене и Претседателот на ФФМ, па се до секој добронамерник и хумана личност која ќе дојде на натпреварот, – гласи изјавата на Неделковски.
Во истата вест, Вардар како клуб ја информира јавноста дека во изминатиот период продолжила акцијата за финансиска консолидација, па биле исплатени уште неколку фирми и тужители.
1. Билјана Блажевска – 1.662.502 денари
2. Телеком – 181.212 денари
3. Сарана Трејд – 2.314.142 денари
4. Бојан Захариев – 1.400.000 денари плус камати.
-
Италија24 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА23 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА10 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија8 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија14 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…