Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар носи уште еден полски репрезентативец во Скопје

Објавено

на

Раководството на скопски Вардар полека го склопува ростерот со кој ќе се натпреварува следната сезона во која повторно главна цел ќе им биде што подобар настап во Лигата на шампионите.

Полските медиуми пренесуваат дека во Вардар следната година ќе се најдат двајца репрезентативци на нивната земја затоа што во клубот се донела одлука Патрик Валчак да го продолжи договорот, а во Скопје треба да пристигне и Јан Чувара кој во моментов настапува за Горник Забрзе.

Што се однесува до Валчак, од раководството на Вардар одлучиле да го продолжат договорот на пикерот на уште една сезона, а него друштво ќе му прави и Чувара кој исто така е полски репрезентативец кој за разлика од него игра на левата крилна позиција.

Вардар веќе договори три нови имиња и тоа Едуардо Гурбиндо, Дарко Ѓукиќ и Анте Кудуз, а се шпекулира дека готова е работата и со Мартин Томовски кој ќе го чува голот на „црвено црните“ следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни