СЕХА лига
Вардар немаше одговор за Коралес и компанија, Веспрем е новиот шампион во СЕХА лигата

Ракометарите на Веспрем го потврдија статусот на фаворит и славеа над Вардар со 35-27 во финалето на завршниот турнир во СЕХА лигата.
Унгарскиот тим беше едноставно поквалитен, подобар ривал од „црвено-црните“ низ целиот натпревар во Задар. Шпанскиот голман Коралес беше на високо ниво, нападот исто така функционираше, а за тоа говорат 35 постигнати погодоци.
Уште на самиот старт Веспрем поведе со 3-0 и потоа постојано ја имаше предносто, го диктираше темпото како во првото така и во второто полувреме. Првите 30 минути завршија со 15-12 за избраниците на Дејвис, позитива која во продолженеито продолжи да расте за да на крјаот истата биде плус осум за новиот првак во ова натпреварување.
Ова за Веспрем е трета титула во СЕХА лигата. Голманот Коралес имаше 14 одбрани, Ненадиќ пак со 5 гола беше најдобар стрелец, додека нашиот Манасков заврши со 4 погодоци од исто толку обиди.
Калараш даде 6 гола за вардарци, Борко пак запиша 7 интервенции.

- НБАпред 22 часа
НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)
- Италијапред 21 час
Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ
- Францијапред 22 часа
Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)
- Италијапред 23 часа
Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино
- Светпред 20 часа
Сопругата на Мамаев јавно го обвини фудбалерот дека ја изневерувал на подготовките во Шпанија
- Шпанијапред 21 час
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!
- Шпанијапред 20 часа
Куман за чудесната рехабилитација на својата млада ѕвезда во тимот: Некои работи не можат да се објаснат
- Формула 1пред 22 часа
Сината боја доминира на болидот на Алпин, Алонсо ја пропушти промоцијата