Вардар не погреши против Силекс за успешна генералка пред Зенит

Grncharov-Sileks

Актуелниот шампион Вардар го отвори четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига со сигурна победа над Силекс изразена со резултат 3:1.

Luis-Felipe-Sileks

За „црвено-црните“ ова беше и генерална проба пред дебито во групната фаза на Лига Европа против Зенит, а ја одработија рутински откако на полувреме водеа со 1:0 со голот на Грнчаров, за во вториот дел до 66. минута преку Барсегјан и Глигоров да го решат натпреварот со уште два гола во противничката мрежа.

Barsegjan-Sileks

Почесниот гол за Силекс беше дело на Ѓорѓевиќ во 74. минута, a гостите испуштија можност посериозно да се заканат откако не реализираа пенал во продолжение од средбата. По ова, тимот од Кратово го доживеа и вториот пораз во серија, двете екипи имаат по шест бода на табелата, но Вардар има натпревар помалку.

Facebook Коментари