Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар не отпатува за Париз, се чека официјална одлука од ЕХФ

Објавено

на

По вчерашните најави за големата дерби пресметка против ПСЖ во Франција, ракометарите на Вардар ова претпладне требаше да отпатуваат за Париз, но нивниот лет во последен момент беше откажан и цела експедиција останува во Скопје.

Како што стојат работите во овој момент, се уште актуелниот европски првак повеќе од сигурно нема да може да го одигра натпреварот против „светците“ во Лигата на шампионите, а најверојатно станува збор за нови проблеми со Ковид 19.

Македонскиот клуб се уште не излезе со официјално соопштение за неочекуваното откажува на летот кон француската престолнина, но тоа се очекува да го направи ЕХФ во текот на денешниот ден.

Европската ракометна Федерација веќе во неколку наврати беше принудена да одложи голем број натпревари поради коронавирусот, па големи се шансите дека Вардар и по третпат ќе мора принудно да паузира во најелитното натпреварување оваа сезона.

Од друга страна, ПСЖ продаваше и билети за овој меч поради дозволата за одреден број на навивачи на трибините, но во овој момент, шансите за одигрување на големо дерби во Лигата на шампионите се сведени на минимум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни