Поврзете се со нас

Македонија

Вардар не му даде шанса на шведски Гуиф, во финалето ќе се бори за нов трофеј во Струга

Објавено

на

Вардар го прифати предизвикот да го брани трофејот на турнирот во Струга, а со своето издание денеска против Гуиф, најави дека ќе оди на нова титулата во финалето кое ќе го игра крај Охридското езеро.

Избраниците на Владо Недановски не му дадоа никаква шанса на шведски Гуиф и со ново преубедливо издание лесно си го трасираа патот до победата, а овој триумф носи ново финале во Струга за „црвено-црните“.

Швеѓаните денеска имаа позитива само во првите минути кога поведоа со 0:2, но потоа се беше во знакот на фаворитот кој зема се под контрола и уште на полувреме замина со плус седум.

Предноста од 14:7 сам растеше во вториот дел и на крајот се оствари преубедлива победа од 31:18, во кја Маргели поситгна седум, а Ќоевски пет гола.

Ако се остварат предвидувањата, противник на Вардар во големото финале ќе биде Еурофарм Пелистер кој вечерва игра со ПАОК.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни