Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар не ја оправда фаворитската улога и претрпе прв пораз во ЛШ

Објавено

на

Веселин Вујовиќ нагласи дека Вардар за првпат влегува како фаворит во еден натпревар на прес-конференцијата во воведот за мечот со Монпелје, но избраниците на искусниот ракометен стручњак не ја оправдаа ваквата улога и вечерва потфрлија во „Јане Сандански“.

Француски Монпелје се покажа како исклучително незгоден противник уште во самиот вовед на пресметката во Скопје, за што најдобро говори и фактот кој вели дека Вардар вечерва во ниту еден момент немаше позитива на семафорот.

Најдобро за „вардарци“ беше егал ситуацијата во воведот од мечот, која траеше доста кратко и која беше актуелна само двапати во почетните 10-тина минути. Од тоа што можеше да се види на теренот, на Вардар многу подобро му оди кога не е фаворит на теренот, бидејќи уште по првите 30 минути стана јасно дека ќе биде речиси невозможна мисија да се направи пресврт против расположениот ривал.

Монпелје имаше плус четири на полувремето, а истото темпо го продолжи се до десетина минути пред крајот, кога стигна и до максимални плус осум.

Вардар до крајот се избори за подостоен прв пораз во Лигата на шампионите од 25:31, кој само покажува дека Вујовиќ и играчите на Вардар имаат уште доста голема работа пред себе, без оглед на еуфоријата која настана по големите победи над Мешков и Алборг.

Во скромната вечер на „вардарците“, најмногу се истакна Дибиров со седум гола, Тото реализираше шест пати, а најдобри стрелци кај Монпелје беа Бос и Вилмино со седум голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни