Поврзете се со нас

Македонија

Вардар настрада на дербито во Тетово, Работнички му зема мерка на Шкупи

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/fcshkendija

Осмото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе низа интересни пресметки во нашата земја, а според традицијата и статусот кој го имаат во мак-фудбалот, најголемо внимание предизвика натпреварот во Тетово.

Шкендија на домашен терен го пречека Вардар и во моментов покажа дека е далеку подобар тим од оној од Скопје, кој денеска капитулираше уште по три минути игра.

Тетовските „црвено-црни“ поведоа со голот на Трумчи и брзо стана јасно дека овој меч ќе биде едносмерна улица, нешто во што се уверивме до крајот на полувремето.

Шкендија постигна уште два гола преку Ибраими и Ахмеди и веќе во 27-та минута беше 3:0, па и стана јасно дека бодовите остануваат под Шара.

Во вториот дел, конечните 4:0 ги постави Флорент Рамадани, а овој резултат беше актуелен и на натпреварот меѓу Брера и Пелистер кој им припадна на домаќините од Струмица.

Дерби пресметка се играше и во Скопје каде Работнички покажа дека е навистина импресивен на стартот на сезоната, а победата од 2:1 над Шкупи дополнително ќе ја зголеми самодовербата кај „романтичарите“.

Шампионот Струга беше пред победа над Гостивар и водеше 2:1 до самата завршница, но на крајот прими гол и ова ново дерби во македонскиот фудбал заврши со резултат 2:2.

На останатите две средби, Беса ја победи Воска со 1:0, додека Тиквеш и Силекс ремизираа со најнепопуларните 0:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни