Вардар и на реваншот со Кјелце нема да може да смета на Криштопанс

Vardar-Meshkov2

Македонскиот, регионалниот и европски шампион, Вардар нема да може да смета на услугите на Даинис Криштопанс и за реваншот со Кјелце во Лигата на шампионите.

Летонскиот џин се повреди на дуелот со Војводина во СЕХА лигата и иако прогнозите беа дека се работи за проблем кој е лесно надминлив тој ја скокна скопската пресметка со Кјелце, вчерашниот дуел со Мотор Запорожеје, а пак денеска не отпатува за Полска на пресметката со шампионот на оваа држава закажана за в сабота од 18 часот.

Ова значи дека пак Иван Чупиќ ќе ја има улогата на десен бек со оглед на тоа што Толедо се уште е во аут по операцијата. Позитивно е што Кристијан Дисингер беше со тимот кој замина за Кјелце, ама останува дилема и прашање колку и дали ќе може тој да помогне.

Facebook Коментари