Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар на моменти го мачеше Алборг, но не успеа да креира сензација

Објавено

на

Екипата на Вардар одигра достоен натпревар на гостувањето кај Алборг каде на крајот загуби со 33:29.

Европскиот вицешампион не дозволи по втор пат да биде изненаден од Вардар и овојпат со поддршката на Арон Палмарсон успеа да запише нови бодови на своето конто на табелата.

Кај вардарци, кои го претрпеа вториот пораз во групната фаза, најефикасен беше Тимур Дибиров кој постигна дури девет погодоци.

Интересно е тоа што Дибиров сите голови ги постигна во првото полувреме во кое Вардар имаше само тројца различни стрелци. На шест гола застана Кевин Њокас, додека одличен меѓу стативите беше Томовски со девет одбрани.

Најдобар поединец кај Алборг беше нивниот најдобар играч, Арон Памарсон кој даде осум голови.

Вардар и во следното коло во Лигата на шампионите ќе го очекува тешка задача затоа што ќе се соочи со тимот на Кил од Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни