РК Вардар е четврти фаворит според ЕХФ за шампионскиот трофеј во ЛШ!

Keln f4

Актуелниот европски шампион Вардар, во најновото рангирање на ЕХФ, кое беше спроведено од страна на новинарите кои ги следат случувањата во Лигата на шампионите, се најде на четвртото место во делот на освојување на шампионскиот трофеј во ова елитно натпреварување.

Рангирањето на четата на ,,Ел Команданте”  се должи на тоа што успеа да помине како фурија во групата А и избори директен пласман во четвртфиналето.

На листата се рангирани вкупно десет тимови од најелитното ракометно натпреварување, а пред Вардар се најдоа  Веспрем, Барселона и како фаворит број еден е тимот на ПСЖ.

На 5 место е тимот на Нант, па следуваат Фленсбург, Киелце, Кил, Кристијанштад и на последното десетто место како фаворит е тимот на Монпеље.

Дали Раул Гоналез ќе успее да ја помине и последната пречка пред пласманот на Ф4 во Келн и да испише историја останува времето да покаже.

Facebook Коментари