Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар му го оствари сонот: Скубе со прв коментар пред дебитантскиот настап на Ф4 во Келн

Објавено

на

Вардар ги надмина очекувањата на сите експерти и трета година по ред успеа да се пласира на фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите, а иако голем дел од играчите во нашиот тим веќе знаат што значи играњето во Келн, за фантастичниот Сташ Скубе ова ќе биде прво искуство на Ф4.

Феноменалниот разигрувач одлично се вклопи во ростерот на Парондо и со своите одлични изданија прерасна во еден од лидерите во походот кон завршниот турнир, достигнување кое оваа година има дефинитивно посебно значење бидејќи играчите на Вардар пронајдоа мотивација да се пласираат во Келн и покрај тоа што немаат добиено плата цела сезона.

Ждрепката посака Вардар да го добие најтешкиот противник во полуфиналето, но сепак традицијата во безброј наврати покажала дека на фајнал-фор турнирите обично победува тимот кој сите предвреме го отпишуваат.

– Откако си заминаа многу важни играчи минатото лето, многумина очекуваа далеку послаб Вардар. Среќен сум што игравме добро оваа сезона, тоа посебно го докажавме во дуелот со Сегед во четвртфиналето. Сите играчи си ја завршија својата задача на теренот и затоа ги елиминиравме, – вели Скубе во интервјуто за официјалната страна на ЕХФ пред својот дебитантски настап на Ф4.

– Секој ракометар сонува да стигне до Келн и навистина сум среќен што конечно ќе бидам дел од овој спектакл, најголемото случување во клупскиот ракомет. Сигурен сум дека ова ќе биде незаборавно искуство за мене. Нашиот противник во полуфиналето е Барселона, еден од најдобрите тимови во Европа. Ќе имаме тешка задача, но ако се земе во предвид целото шоу во Келн и мотивацијата која сите ја носат со себе, се може да се случи. Ќе се обидеме да направиме изненадување и да стигнеме до врвот, – додава Словенецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни