Вардар мораше да прави пресврт, но ја победи Војводина

Vojvodina-Vardar

Ракометарите на Вардар не дозволија пораз од Војводина во СЕХА лигата (33:35), иако домаќините имаа солидна предност на полувремето (20:16).

Српскиот претставник одигра мотивирано против ослабениот тим на европскиот првак и актуелниот СЕХА шампион, но „црвено-црните“ во завршницата стигнаа до бодовите.

Неизвесно беше до 49. минута, а оттука започнува посилниот ритам на Вардар, кој на крајот ја задржа предноста за триумф во регионалната лига. Овој триумф му гарантира пласман во четвртфиналето на нашиот тим.

Дибиров со 11 и Атман со 10 голови беа најефикасни кај македонскиот состав, додека кај Војводина Грозданиќ реализираше 11 погодоци.

Facebook Коментари