Вардар и Металург со тројца претставници во најдоброто во СЕХА за месец март (Видео)

filip kuzmanovski

Основниот дел од оваа натпреварувачка кампања во СЕХА лигата заврши и сега останува само да се одржи завршниот фајналфор турнир во Скопје и да го дознаеме шампионот за сезоната 2017-2018.

Таа завршница се игра од 13 до 15 април во СЦ „Јане Сандански”, па пред тие возбудувања од СЕХА лигата ги одбраа најдобрите седум за месец март. Вардар и Металург имаат тројца претставници, позицијата голман која е наменета за Страхиња Милиќ, среден бек е Филип Кузмановски, додека за тренер е избран Раул Гонзалес од Вардар.

Најдобрите седум за месец март:

Голман: Страхиња Милиќ од Вардар

Лево крило: Нико Медвед од Горење

Десно крило: Гал Маргуч од Целје

Кружен напаѓач: Веселин Јелиќ од Динамо Панчево

Лев бек: Борут Борут Мачковшек од Целје

Среден бек: Филип Кузмановски од Металург

Десен бек: Златко Хорват од ППД Загреб

Тренер: Раул Гонзалес (Вардар)

Facebook Коментари