Поврзете се со нас

Македонија

Вардар лесно се справи со Тиквеш

Објавено

на

Фото: Денис Дуковски / РКВардар1961

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа 18. победа во 20. натпревар во Суперлигата, победа над Тиквеш од 39:27.

„Црвено-црните“ имаа јасна цел на ова соочување, цел која ја остварија и се израмнија со Алкалоид на врвот на табелата во најсилната домашна конкуренција.

Домаќините имаа плус четири по првиот дел (17:13), предност која во вторите 30 минути се зголемуваше за конечни на крајот плус 12.

Во следната рунда Вардар има незгодно гостување кај Охрид, а Тиквеш оди на соочување со Струга.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни