Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ќе ја почне одбраната на титулата против Скопје, ќе имаме братска пресметка во Битола

Објавено

на

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Суперлигата.

Од оваа сезона нема да имаме тимови кои се приклучуваат од плејофот, односно сите клубови ќе мора да настапуваат во шампионатот од почеток до крај. Ова значи дека Вардар и Еурофарм Пелистер ќе имаат обврски на домашно тло, па така „црвено-црните“ одбраната на титулата ќе ја започнат во „Јане Сандански“ со дул против Скопје 2020.

Пелистер пак исто ќе игра дома и тоа против „браќата“, односно вториот тим на Еурофарм Пелистер. Од поинтересните дуели од стартната рунда треба да се издвои оној меѓу Металург и Тинекс Пролет.

Ова за паровите за 1. коло кое е на програмата на 8 и 9 септември

Вардар – Скопје

Радовиш – Струга

Металург – Пролет

Охрид – Тиквеш

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

Бутел – Прилеп

Кога се во прашање битките меѓу Вардар и Пелистер, првата ќе биде на 25/26 септември во Скопје, додека дуелот во Битола ќе биде дел од 15. коло на 18 или 19 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни