Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ќе добие нов тренер, Борко ќе има нова улога-ова е составот на „црвено-црните“ за сезоната 2022/2023

Објавено

на

Најквалитетната македонска екипа Вардар мораше да ги промени плановите по одлуката на ЕХФ да го исфрли од Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023, потег кој никој не го очекуваше во таборот на двократниот европски првак.

Меѓутоа одлуката е донесена, па додека првиот човек Михајло Михајловски размислува за следниот чекор и за тоа дали да отвори нов фронт со ЕХФ (да се жали (тужи) во Лозана) она што е познато дека скопскиот тим во следната кампања ќе игра во домашните натпреварувања и СЕХА лигата.

Михајло на денешниот прес потврди дека се врааат возбудувањата во СЕХА, а притоа и даде неколку одговори околу составот и кој ќе го води истиот. Давид Дејвис Камара си заминува и нов тренер ќе биде Владо Недановски на кого ќе му помога Стојан Петрушевски.

Ветеранот Борко Ристовски ќе има нова улога и ќе биде тренер на голманите со тоа што екс членот на Барселона ќе може да се стави на располагање ако дојде до потреба.

Ова треба да биде тимот на македонскиот првак за новата кампања:

Голмани: Мартин Томовски и Васил Гогов, Борско Ристовски-тренер на голмани
Десни крила: Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски, Дарко Ѓукиќ
Десни бекови: Куни Моралес, Давид Савревски
Среден бек: Мартин Карапалевски, Стефан Додиќ (сака да остане, но се чека дозвола од Кјелце), ако не ќе биде ангажиран нов среден бек, Анте Гаџа (се враќа од повреда во декември)
Леви бекови: Филип Талески, Марко Мишевски
Леви крила: Тимур Дибиров (треба да се разговата со него) и ќе дојде македонско лево крило
Пивоти: Стojанче Стоилов, Стефан Атанасовски и Милан Лазаревски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни