Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ќе добие додавка на името, Михајловски официјално потврди едно засилување

Објавено

на

Вардар за брзо време ќе добие нов сопственик и тоа во името на Михајло Михајловски кој потврди дека во моментов течат работите во најдобар правец, но и воедно откри дека во иднина „црвено-црните“ ќе имаат додавка во името.

-Ние се уште сме во фаза на преземање на клубот од досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко и кога ќе се заврши таа процедура ќе пристапиме кон формирање ново акционерско друштво и новиот клуб ќе се вика Вардар 1961, -истакна Михајловски за телевизија „Телма“.

Тој воедно потврди дека веќе е договорен францускиот голман Робин Кантегрел, но и дека засега нема ништо официјално со Мигуел Мартинс Соареш од Порто.

-Ние сме во преговори со Порто и со играчот, да дојде кај нас. Се рбаоти за португалски репрезентативец, среден бек, потребна ни е адекватна замена за Сташ Скубе, -рече старо-новиот сопственик на „црвено-црните“.

Во однос на желбите амбициите, целите на „новиот“ Вардар господинот Михајковски истакна:

-Тоа ќе биде четврфинале во ЛШ, фајналфор во Сеха лигата и двојна круна на домашната сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни