Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ќе добие 50.000 евра од трансферот на Гурбиндо во Романија

Објавено

на

Шпанскиот ракометар Едуардо Гурбиндо дефинитивно ќе се пресели во редовите на Динамо Букурешт, што значи дека заминува од Вардар без да одигра ниту еден официјален натпревар.

Десниот бек дојде од редовите на Нант како големо засилување за македонскиот првак, но на почетокот на сезоната побарал да му биде дозволен трансфер во романскиот клуб.

Гурбиндо добил зелено светло од Вардар за трансферот, но екипата чиј тренер е Чави Пасквал ќе треба да исплати 50.000 евра за правата над Шпанецот.

Тренерот Веселин Вујовиќ во пресрет на дуелот со Мешков Брест го кажа ставот на оваа тема.

– За сите нас тоа е големо изненадување. Ние од првиот ден го пречекавме Гурбиндо со голема еуфорија, станува збор за класа играч и сигурно ќе недостасува. Сепак, повеќе ќе ни недостасува во одбрана, отколку во напад. Тука ги имаме Њокас и Моралес и тие можат да понудат повеќе во напад.

– Сигурно ќе недостасува Гурбиндо, но тој кој веќе не е тука, без него се мора. На крајот ќе видиме кој ќе загуби, а кој ќе добие од цела оваа ситуација, – изјави Вујовиќ за заминувањето на Гурбиндо во Динамо Букурешт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни