Поврзете се со нас

Македонија

Вардар киксна во Кавадарци, Пелистер официјално е нов шампион на Македонија

Објавено

на

Фото: rkeurofarmpelister.com

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и официјално се шампиони на Македонија за натпреварувачката 2022/2023.

Клубот од Битола славеше на вечерашното гостување кај Охрид со 28-25, а во исто време нивниот најголем ривал Вардар 1961 не ха оправда улогата на фаворит во Кавадарци (32-32), па тоа значеше дека „фармацевтите“ се крунисани за прваци во најсилната домашна конкуренција и тоа за првпат по 2005 година.

Претходно пак Алкалоид беше подобар од вториот тим на Еурофарм Пелистер што значи дека наредното коло во Скопје избраниците на Кирил Лазаров ќе водат битка со Вардар за втората позиција во домашниот шампионат.

„Црвено-црните“ имаат само еден бод повеќе од Алкалоид што е најава за убав ракометен спектакл во „Јане Сандански“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни