Македонија
Вардар казнет порaди пиротехника, управата со порака до навивачите: На овој начин…

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е казнет со 153.750 денари од страна на ФФМ поради употреба на пиротехника од страна на навивачите на дербито со Шкупи.
Оваа вест клубот ја сподели на својот официјален сајт и притоа испрати порака до фановите, подржувачите на скопскиот тим.
-На сметка на АД ФК Вардар пристигнаа за наплата 153.750денари, како казна од страна на ФФМ за дивеење со пиротехника на неодговорни навивачи на натпреварот Вардар – Шкупи (14-то коло).
-На овој начин, таквото “навивање” директно ги оштетува фудбалерите на нашиот клуб. Како илустрација, за користење на целиот стадион за еден натпревар, плаќаме кон „АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор“ 145.258 денари. Тоа значи, дека пиротехниката прави еден натпревар двојно да биде поскап. На тој начин Вардар не се сака, туку се оштетува, -стои во објавата на Вардар.
„Црвено-црните“ во пролетниот дел од шампионатот загубија од Шкендија, потоа ја победија Струга во ПМФЛ, го надиграа Силекс во Купот на Македонија, а овој викенд имаат значаен дуел со Беса во битката за опстанок.
-
Свет11 часа
„Топка со очи“: Белингам го извади од игра цел албански тим со еден потег (Видео)
-
НБА23 часа
Добри вести за Лејкерс: Познато е кога Леброн се враќа на терените
-
Репрезентација6 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
АТП23 часа
Медведев повторно се „исклучи“ и доживеа елиминација на Мастерсот во Мајами
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ им се врати на победите и се израмни со Надал на вечната Мастерс листа (ВИДЕО)
-
Евролига21 час
Партизан понижен во Белград, Барселона влезе во посакуван ритам (ВИДЕО)
-
Формула 112 часа
Прва победа со Ферари: Хамилтон триумфираше на спринтот во Кина
-
Репрезентација3 часа
Македонија супериорна во Вадуц: „Тројка“ за идеален почеток на квалификациите за СП (ВИДЕО)