Поврзете се со нас

Македонија

Вардар јавно се пожали за пеналот кој го доби директниот ривал за влез во Прва лига (Видео)

Објавено

на

Вардар и Воска Спорт се борат за второто место на табелата и влезе во Првата македонска фудбалска лига, но серијата на идентични резултати прави двата тима да останат на пет бодови разлика.

„Црвено-црните“ и натаму имаат минус пет и по комплетирањето на 20-то колов во Втората лига, но за вардарци многу потешко за прифаќање е начинот на кој победи директниот ривал.

Вардар минимално славеше на гостувањето кај Велешта, но истото го направи и Воска Спорт против Охрид, и тоа благодарение на пенал досуден на четири минути пред крајот.

Воска Спорт го реализираше пеналот во 86-та минута, но Вардар сега јавно го сподели видеото на кое се гледа дека не постои никаков контакт во шеснаесетникот.

Очигледната судиска грешка ги налути навивачите на Вардар, но и официјалниот профил на најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни