Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ја заврши соработката со десет играчи

Објавено

на

Екипата на Вардар почна да ги влече првите потези по неуспешната сезона во која клубот не успеа експресно да обезбеди кам-бек во најсилната домашна конкуренција.

Повеќе од јасно беше дека потребни се промени, план кој ќе донесе успех и резултати почнувајќи од натпреварувачката 2022/2023, па така прво долгорочно беа врзани тренерот Бобан Грнчаров и спортскиот директор Александар Бајевски, а во тимот беше додаден и Един Нурединовски.

Потоа „црвено-црните“ го потврдија првото засилување за новата кампања во името на напаѓачот Симеон Христов за да денеска од клубот и соопштат на јавноста дека завршена е соработката со десет играчи.

Тоа се Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски, фудбалери на кои управата им се заблагодари и им посака среќа и успех во нивните понатамошни кариери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни