Вардар ја заокружи најуспешната година со триумф над Горење

Makeda-Gorenje

Ракометарите на Вардар остварија уште една победа на последниот натпревар планиран за календарската 2017 година, со што на најдобар начин ја заокружија годината во која „црвено-црните“ ги постигнаа најголемите успеси во историјата.

Жртва на Вардар денеска беше Горење, а нашиот претставник го доби дуелот од СЕХА лигата на гостински терен со резултат 30:24. На полувреме „вардарци“ водеа со 16:12, а таа предност дополнително ја зголемија во втората етапа од мечот во регионалното натпреварување каде Вардар сезонава има максимални 11 победи.

Македа и Циндриќ постигнаа по 7 голови, со тоа што Шпанецот немаше ниту едно промашување, додека Марсениќ го заврши натпреварот со 6 погодоци. Кај поразениот тим на Горење, најефикасен беше Вердинек со 4 голови.

Facebook Коментари