Македонија
Вардар ја „тресна“ Струга за прва победа во пролетниот дел од шампионатот

Фудбалерите на Вардар издвојуваа победа над Струга Трим Љум од 2-0 во натпреварот од 20. коло во Првата македонска лига.
Ова за „црвено-црните“ беше втор гостински триумф во тековнава сезона, прв официјален ако се земе предвид дека оној со Тиквеш во Кавадарци го доби службено со 3-0 поради инцидентот во финишот на натпреварот.
За избраниците на Седлоски овие три бода се од исклучително значање во борбата за опстанок, но и за кревање на самодовербата пред престојните предизвици како во шампионатот така и во Купот.
Двата гола паднаа во вториот дел, првиот беше дело на Закариќ, додека вториот на резервистот Мато кој на атрактивен начин го матираше Ќосевски.
Со 16 бода Вардар излезе од опасната зона, актуелниот шампион Струга пак е на 5. позиција со 32 бода.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!