Македонија
Вардар ја прекина лошата серија со победа во Ѓорче Петров
Вардар беше поконкретен и покажа повеќе на скопското дерби со Македонија и стигна до минимална победа (0:1) на гостување во населбата Ѓорче Петров.
„Црвено-црните“ ја прекинаа лошата серија благодарение на голот на Милосавиќ од 35. минута, а истиот беше постигнат по убава акција на гостите, која беше крунисана со погодок за победа.
И во вториот дел Вардар имаше повеќе обиди и шанси за да реализира, Македонија Ѓорче Петров не можеше да стори нешто повеќе и во завршната иницијатива, па „вардарци“ и се израдуваа на четвртата победа сезонава.
За Вардар ова е прва победа по четири порази во серија, па сега има 14 бодови или два помалку од Брегалница и Воска Спорт (-1).
Македонија е блиску до опасната зона, бидејќи сега остана на 18 бодови, со два натпревара повеќе од Воска и еден натпревар повеќе од Брегалница и Вардар.
-
Англија19 часа
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
-
Евролига23 часа
Белград ќе чека нова шанса, Ф4 турнирот во Евролигата првпат ќе биде организиран надвор од Европа
-
Светски првенства23 часа
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство
-
АТП21 час
Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин
-
Шпанија20 часа
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
-
Германија20 часа
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)
-
Шпанија19 часа
Флик по триумфот на Барселона: Фала богу што дојде декември
-
Македонија22 часа
Омерагиќ ќе биде единствен кандидат за претседателското место во ФФМ