Вардар ја прекина црната серија со победа над Скопје, Шкендија со пресврт го доби дербито со Работнички

vardar-skopje

Четиринаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига во својата програма го имаше вклучено големото дерби меѓу Шкендија и Работнички, натпревар на кој и покрај тоа што „романтичарите“ се покажаа како цврст орев, на крајот победија фаворизираните тетовчани со пресврт.

Работнички прв дојде до водство во 35-та минута со голот на Нигериецот Гофри, но предноста ја имаше само пет минути бидејќи пред крајот на првиот дел израмни Радески по еден каранбол во шеснаесетникот. Во второто полувреме, Шкендија имаше апсолутна иницијатива и имаше многу шанси да дојде до водство, но тоа се случи дури во 82-та минута кога беше досуден пенал за домаќините. Најстрогата казна прецизно ја реализираше Хасани кој со овој погодок ја зацврсти Шкендија на самиот врв на табелата.

За разлика од претходните три кола на кои оствари разочарувачки резултати, Вардар денеска ја оправда фаворитската улога во домашното првенство и немаше проблем против слабиот Скопје, а стрелци на головите во победата од 3:0 беа
Фелипе, Максимов и Џигаури.

На останатите три средби, Академија Пандев загуби на домашен терен од Победа со 0:1, Пелистер во Битола ја совлада Ренова со 2:1, а Силекс си замина со три бода од гостувањето на Чаир кај Шкупи откако победи со 0:1.

Facebook Коментари