Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ја „одглави“ сметката, следат многу подобри денови за македонскиот великан

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcshkupi1927/

Новото раководство на ФК Вардар најави дека во рекорден рок ќе бидат расчистени долговите и конечно ќе биде одблокирана сметката на фудбалскиот клуб, нешто што полека станува реалност во доста краток временски интервал.

Македонскиот великан денеска преку официјално соопштение ја извести јавноста дека е тргната блокадата која ја имаа од УЈП; но исто така е тргната блокадата поради долг од  200 илјади евра која беше поставена од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Овие две информации се најважни од целото соопштение кое го испрати Вардар во јавноста, а од кое слободно може да се заклучи дека клубот полека фаќа вистински пат по низата турбулентни години во кои клубот беше спасуван и од самите навивачи.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

АД ФК Вардар од Скопје на овој начин ја информира заинтересираната спортска и општествена јавност дека продолжува со интензивна деблокада на сметката на клубот.

Во овој момент подигната е блокадата во вредност од три милиони евра (3.000.000 евра) што беше поставена од УЈП, и подигната е блокадата од двесте илјади евра (200.000 евра) што беше поставена од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Штетата и долговите што намерно или од незнаење ги имаат направено претходните управи, а немале капацитет, знаење и желба да го одглават клубот од ова финансиско ропство, актуелното раководство го решава во исклучително краток рок.

Долговите правени цела една декада, ќе бидат расчистени за период од 5 месеци од комплетното новото формално-правно менаџирање со Акционерското друштво.

Сите доверители, приватни лица или стопански субјекти, на кои ќе им бидат подмирени блокадите во целост, на веб страната на АД ФК Вардар ќе бидат поименично објавени со полно име и комплетна сума, за да може јавноста и навивачите да имаат јасна и прецизна слика за побарувачите и сумите.

Во меѓувреме сите тековни трошоци на клубот од летоска наваму се навремено и стонастотно исплатени.

АД ФК Вардар

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни