Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ја наполни мрежата на Металург, вториот тим на Пелистер го испоти составот на Бабиќ

Објавено

на

Стевче Алушовски најави дека ќе побара помош од Металург со оглед на непосакуваните одложувања во Лигата на шампионите, па тимот од Автокоманда се согласи за пријателски натпревар кој се одигра денеска.

Во недостаток на натпреварувачки ритам, Вардар сака што подобро да биде подготвен за следниот дуел во Лигата на шампионите, оној против Фленсбург, а денешниот дуел со Металург беше добра шанса за Алушовски да испроба повеќе играчи.

Вардар беше далеку помотивиран за игра и на крајот славеше со уверливи 37:28, нешто што можеше да се навести уште во првото полувреме кое сепак беше далеку поизрамнето (17:13).

Покрај Вардар и Металург, денеска пријателска одиграа и двата тима на Еурофарм Пелистер, така што ги одмерија силите едни против други.

Првиот тим на Пелистер наиде на сериозен тест од Еурофарм 2, победувајќи со само еден гол разлика во натпревар во кој помладиот тим на Пелистер имаше и напад за израмнување (27:26).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни