Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ја доби пенал драмата во Прилеп: Голманот Илиќ е херој на „црвено-црните“

Објавено

на

Натпреварот меѓу Вардар и Победа го оправда епитетот на највозбудлив и најинтересен во 1/16 финалната фаза во Купот, бидејќи пресметката на двата поранешни македонски прваци се решаваше во пенал-рулетот во Прилеп.

Вардар како гостин поведе со спектакларниот гол на искусниот Дејан Блажевски од слободен удар, а иако по голот на „Шиле“ Победа остана со 10 играчи на теренот, домаќинот успеа да се избори за реми во последната минута од продолжението.

Филип Стомнароски погоди за 1:1 по изведениот корнер од десната страна и донесе ерупција од радост, која сепак не траеше предолго.

Во пенал рулетот, Вардар победи со 5:4 (вкупни 6:5), а херој на „црвено-црните“ за пласманот во осминафиналето е голманот Филип Илиќ кој во последната серија му го одбрани удари на Анатолиј Петејчук.

На останатите натпревари кои се играа денеска во Купот, беа остварени следните резултати:

Детонит – Македонија ЃП 0-3

Кораб – Беласица 1-2

Каменица – Струга Трим Лум 0-2

Воска Спорт – Брегалница 0-1

Локомотива – Охрид 0-2

Гостивар – Ренова 0-4

Љуботен – Пелистер 0-9

Слога Виница – Работнички 0-3

Каменица – Струга Трим Лум 0-2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни