Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ја доби драмата со продолженија против Пелистер и го крена трофејот во Струга

Објавено

на

Ракометарите на Вардар се победници на 49. издание на традиционалниот турнир во Струга.

Скопскиот состав дојде до пехарот откако во големото финале беше подобар од Еурофарм Пелистер со 33-32. Ова беше дуел кој донесе многу борба, неизвесност, па мораа да се играат дополнителни 10 минути за да се реши победникот.

Првиот дел мина во израмнета игра и за нијанса подобри беа „црвено-црните“ кои на пауза заминаа со 15-14. Во второто полувреме Пелистер беше тој што имаше контрола на играта и водство на семафорот во најголемиот дел, меѓутоа на крајот иако имаше напад за победа и двајца ракометари повеќе на теренот Божиќ-Павлетиќ не реализираше, а тоа значеше дополнилни десет минути (28-28).

Во истите повеќе сила, енергија покажаа вардарци и со погодокот на Дибиров на три секунди до крајот дојдоа до пехарот во Струга.

Токму Русинот беше прогласен за МВП на турнирот, Мартин Секељи од  Еурофарм Пелистер го понесе признанието за најдобар голман, додека Златко Мојсоски од Бутел беше прв стрелец.

Инаку третото место го освои Бутел, а петтото пак составот на Металург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни