Поврзете се со нас

Македонија

Вардар издвојува важна победа во битката за опстанок, Гостивар со фуриозен финиш ја шокираше Шкендија

Објавено

на

Екипата на Вардар има една цел до крајот на оваа сезона, да се обезбеди опстанок во Првата македонска цел што секако може да се реализира со победи како денешнава над Брегалница од 2-0.

Клубот од Штип е еден од директните ривали за опстанок во елитата, па затоа ова славје на „црвено-црните“ е од големо значање. Трите бода за Вардар ги донесоа искусниот Алтипармаковски и Глишиќ, победа со која скопскиот тим повеќе не е „фенерџија“ во шампионатот.

Таа позиција сега е резервирана за Македонија Ѓорче Петров која денеска беше декласирана од АП Брера Струмица со 3-0, додека 11. е Брегалница.

Шкендија пак беше на добар пат да дојде до посакуваниот резултат во дуелот со Гостивар, меч во кој водеше со 2-0 со головите на Шала до 86 минута. Гостиварци имаа пеколен финиш и со два брзи гола се изборија за реми од 2-2.

Резултати 20. коло:
Вардар – Брегалница 2-0
Шкендија – Гостивар 2-2
Тиквеш – Работнички 2-0
Брера – Македонија ЃП 3-0
Воска – Силекс 0-0
Вчера:
Струга – Шкупи 2-2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни