Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вардар издржа во Загреб и по десетти пат ќе игра на Ф4 турнирот во СЕХА Лигата

Објавено

на

Екипата на Вардар по десетти пат ќе игра на фајнл фор турнирот во СЕХА лигата откако успеа да ја задржи предноста од првиот натпревар против Загреб, па и покрај поразот ќе игра во Задар.

Загреб го доби натпреварот со 25:22, резултат кој не беше доволен да се анулираат четирите гола предност со кои Вардар пристигна на реваншот во Хрватска.

Во текот на целиот натпревар имаше резултатска нишалка, па и двата тима на моменти се менуваа во водството.

Вардарци имаа речиси завршена работа затоа што на нешто помалку од десет минути до крајот имаа предност од два разлика (18:20) и вкупно шест во целокупниот резултат.

Сепак, лошиот финиш опасно ги доближи „црвено црните“ до амбисот затоа што во самиот финиш Загреб имаше водство и од 25:21 што беше доволно за тие да одат на фајнлфор.

Сепак, присебноста на новот засилување Тото кој го постигна послендиот погодок донесе олеснување за Вујовиќ кој ќе ја води екипата во Задар.

Дибиров повторно беше најефикасен со пет погодоци, четири даде Тото, а одличен беше Мартин Томовски кој натпреварот го заврши со 12 интервенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни