Поврзете се со нас

Македонија

Вардар испушти победа во последните минути, Силекс останува перфектен

Објавено

на

Вардар направи целосен пресврт на дуелот со Беса, но на крајот освои само бод (2:2) од второлигашката пресметка играна денеска во Скопје.

Беса поведе преку Хакан Лимани, но Филип Петковски со по еден гол во првото и второто полувреме донесе целосен пресврт за „црвено-црните“.

Вардар ја одржуваше предноста до 90. минута, кога Мухамед Бекир погоди за гостите и ги постави конечните 2:2, потврдувајќи го новиот неуспех на домаќините кои претходно направија и тренерска смена.

Со денешното реми, Вардар досега освои пет бодови по пет одиграни натпревари, додека лидерот Силекс со триумфот над Тетекс останува со перфектен скор и 15 бодови.

Втора лига Запад:
Вардар-Беса 2:2
Тетекс-Силекс 0:2
Гостивар-Охрид 2:1
Кораби-Кадино 1:0
Воска-Велешта 4:0

Втора лига Исток:
ТИМ Локомотива-Братство 07 1:0
Победа-Осогово 6:0
Детроит Јуниор-Слога 1934 2:1
Беласица-Каменица Саса 0:1
Кит Го-Кожуф 1:0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни