Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар има еден од најдобрите трансфери во ЛШ

Објавено

на

Во месец септември стартува новата сезона во Лигата на шампионите, но клубовите досега имаа време и повлекоа потези, изградија состави со кои ќе сакаат во што подобро издание да се претстават во престојната кампања.

Секако се уште можат да се прават трансфери, но ЕХФ се одлучи да направи пресек на досега реализираното и ги избра десетте најдобри трансфери. Во нив има место за една зделка која ја направи нашиот Вардар, односно доведувањето на шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо во Скопје.

-Шпанскиот десен бек бара ново искуство во Македонија и Вардар со раширени раце го дочека Гурбиндо. Страста на скопските фанови е далеку поголема од оние на Нант и Гурбиндо ќе има значајна улога во тимот од кого си заминаа искусни играчи ова лето. Благодарение на богатото искуство нема сомнеж дека двократниот овојувач на ЛШ ќе биде лидер на Вардар оваа сезона, -велат од ЕХФ за Гурбиндо кој е на петтата позиција.

Местото број еден на оваа листа е резервирано за Дилан Наи кој од ПСЖ премина во Кјелце, а во Топ 10 е и Иван Чупиќ кој Вардар го замени со ППД Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни