Поврзете се со нас

Македонија

Вардар им се врати на победите, гостински славја и за Гостивар и Воска Спорт

Објавено

на

Составот на Вардар ја прекина лошата резултатска низа и им се врати на победите во Втората македонска лига.

„Црвено-црните“ освоија само еден бод на претходните три лигашки пресметки и целта денеска беше да се дојде до целиот плен во дуелот со Слога Виница, цел која беше остварена со сигурно славје од 3-0.

Жоглев, Николовски и Митев донесоа три бода за Вардар кој сега има 59, меѓутоа останува на третата позиција со оглед на тоа што неговите конкуренти ја оправдаа улогата на фаворити.

Лидерот Воска Спорт беше подобра од Кожув во Гевгелија со 3-1, додека Гостивар го реши Арсими со 2-0 со погодоците на Христов и Каланоски.

Резултати:

АРСИМИ – ГОСТИВАР  0-2
БОРЕЦ – ЛОКОМОТИВА ПЕХЧЕВО  0-3
ДЕТОНИТ – КАМЕНИЦА САСА  5-1
КОЖУФ – ВОСКА  1-2
ОХРИД – БЕСА  2-1
ПЕЛИСТЕР – КАРАОРМАН   2-0
ТЕТЕКС – БЕЛАСИЦА   3-2
ВАРДАР – СЛОГА В.   3-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни