Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Ренова ги поделија бодовите во гол шоуто во Скопје, Работнички се покажа како цврст орев за Шкендија

Објавено

на

Вардар и Ренова го одиграа убедливо највозбудливиот натпревар ова попладне во фудбалска Македонија, но иако се чинеше дека домаќинот ќе ги освои трите бода, на крајот освои само еден откако наиде на крајно упорен противник.

„Црвено-црните“ фантастично го отворија мечот на „Тодор Проески“ и во два наврати имаа позитива од два гола, но тоа на крајот не се покажа како доволно за прокнижување на победа во Првата македонска фудбалска лига. Вардар поведе со голот на Мирчевски во 6-та минута, Попзлатанов зголеми на 2:0 по 13 минути игра, додека во првиот половина час, погоди и Селмани за 2:1.

Ова не беше се во гол ревијата во првиот дел, бидејќи Петковски одново го врати Вардар во позитива од два гола, додека во 42-та минута, Велија намали на 3:2.

Во вториот дел, мрежите мируваа се до самата завршница, кога гостите од Тетово ги шокираа играчите на Вардар, кои на крајот останаа без плен во последните моменти. Јашаровски беше најснаодлив и погоди за 3:3 во 90-та минута, со што беше означена поделба на бодовите на дуелот во Скопје.

Во главниот град, Македонија Ѓорче Петров беше убедлива на домашен терен и ја победи Академија Пандев со 3:1, додека голем резултат во Тетово оствари Работнички.

„Романтичарите“ се покажаа како цврст орев и ремизираа кај главниот фаворит за титулата, откако Шкендија поведе со голот на Ибраими, а Работнички израмни во вториот дел преку Лука Станковски.

На останатите два меча ова попладне, Пелистер во самата завршница се избори за реми против Струга (1:1), а бодовите ги поделија и Беласица и Борец кои одиграа 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни